Добре ни дојде!

 

Љубовта кон Бога и кон ближниот од памтивек ги приближувала луѓето, кои неа ја поимале како подвиг да работат за Божја слава и за доброто на возљубените. Преку нивниот труд Се'Светиот Бог правел чудесни дела за општата добробит. Повикани од двете најголеми Христијански заповеди: "Возљуби Го Господ, твојот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа, со сета своја сила и со сиот свој разум; и својот ближен како себе си!" (Лука 10:27), вдахновени од Светиот Дух, облечени во силата на Божјата Благодат, се собравме и ние, како слуги на Троичниот Бог, да му служиме на општото добро.

Здружението на граѓани "ЗДРУЖЕНИЕ ЗА НЕГУВАЊЕ НА ПРАВОСЛАВНИ ВРЕДНОСТИ" е невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани, формирано со слободно здружување на граѓаните заради остварување, заштита и усогласување на свои интереси и уверувања, соработка и развивање на пријателски односи помеѓу православните народи, како и вршење дејности и активности за подобрување на верски (православни), социјални, хуманитарни, едукативни права.

Граѓаните се здружени во здружението заради остварување на следните цели и задачи:

  • развивање и унапредување на пријателството и соработката помеѓу православните земји и народи
  • врз основа на консултации со стручни лица - одржување на подвижниот имот во Црквите и Манастирите (икони,книги,...)
  • соработка со други невладини организации
  • организирање, вклучување и помош во различни хуманитарни активности
  • организирање и финансирање на едукативни патувања и посети на православни свети храмови (Цркви,Манастири) во и надвор од Р.Македонија


Ти препорачуваме да го погледнеш статутот на Здружението за да добиеш подобра претстава за целите, задачите и внатрешната устроеност на Здружението, како и да добиеш информации за правните рамки во кои се наоѓа истото.

Веб страницата е во изработка, и дел од содржините не се достапни.
Те молиме за разбирање.